вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 1 ново

Се празнат затворите, се подготвува изборна кражба во Скопје и поголемите општини: Заев го лаже затворениците со наводна амнестија

Еден по еден криминалците ги напуштаат затврите и тоа во пресрет на локалните избори – на повидок е уште изборен фалсификат, во кој ќе кумуваат ослободените Велија Рамковски, Агим Красниќи и Бајруш Сејдиу

Предизборните шпекулирања кои звучеа толку неверојатно што се припишуваа на „црна кампања на ВМРО-ДПМНЕ кон СДСМ“ стануваат реалност. Новата власт го живна криминалното подземје, па животот им донесе поволности на терористите од Диво Насеље – добија мобилни телефони, а осудените за финансиски криминал и изборни нерегуларности добија слобода.

Не е тајна дека СДСМ подготвува изборен криминал – целта на оваа партија е со помош на подземјето да ги добие поголемите општини во Македонија и секако општините во Скопје и Градот Скопје.

За оваа цел Владата на вчерашната 28. седница, го разгледа и усвои Предлог-законот за амнестија и им препорача на Министерството за правда и на службите во владата да ги обезбедат условите за увид во предлог текстот на законот до засегнатите министерства, како и до пошироката јавност. Владата донесе одлука усвојувањето на законот да оди во редовна постапка.

Согласно предвидената процедура за усвојување на законите во редовна постапка, текстот на предлог-законот ќе биде поставен на увид на јавноста во Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР, www.ener.gov.mk) и на тој начин до него ќе имаат пристап експертите од стручната јавност, од граѓанскиот сектор, како и сите други засегнати страни. Предлог-законот на ЕНЕР ќе биде достапен 20 дена, согласно одлуката на Владата на РМ, која на една од претходните седници го зголеми бројот на денови за јавна расправа на законите што се донесуваат во редовна постапка.

Првиот драфт на предлог-законот ја опишува целисходноста од донесувањето на овој закон кој е времен и ќе се однесува на точно определени временски одредници. На денешната седница, Министерот за правда, Билен Саљији напомена дека предлогот за донесување на нов закон за амнестија е израз на добра волја на државата кон одредена група на правосилно осудени лица, со цел за нивна ресоцијализација и за растеретување на затворите од прекумерниот број на лица кои се наоѓаат на отслужување на затворска казна воедно, како и условите во казнено-поправните установи во државата.

Министерот Саљији објасни дека со предложениот текст на закон не се предвидува амнестија за лица правосилно осудени на казна доживотен затвор, како и за сторители на кривично дело Убиство од член 123 од Кривичниот законик, на сторители на кривични дела против избори и гласање (член 158-165-в) од Кривичниот законик, за кривични дела против половата слобода и половиот морал и тоа: (член 186, член 187, член 188, член 189, член 191, член 191-а, член 193, член 193-а, член 193-б и член 194 од Кривичниот законик, за кривични дела против државата (член 305-327) од Кривичниот законик, за кривични дела злосторничко здружување (член 394-394-г), од Кривичниот законик, како и за кривичните дела против човечноста и меѓународното право (член 403-418-а, 418-в до 422 од од Кривичниот законик на Република Македонија.

Предизборните шпекулирања кои звучеа толку неверојатно што се припишуваа на „црна кампања на ВМРО-ДПМНЕ кон СДСМ“ сега стануваат реалност. Новата власт го живна криминалното подземје, па животот им донесе поволности на терористите од Диво Насеље – добија мобилни телефони, а осудените за финансиски криминал и изборни нерегуларности добија слобода.

Еден по еден криминалците ги напуштаат затврите и тоа во пресрет на локалните избори – на повидок е уште изборен фалсификат, во кој ќе кумуваат ослободените Велија Рамковски, Агим Красниќи и Бајруш Сејдиу.

Конфискација во случајот Пајажина – државата ќе наплати над 5 милиони евра од Велија Рамковски

Кон крајот на минатиот месец слобода доби Велија Рамковски, осуден за финансиски криминал во „Пајажина“.

Во почетокот на месецот беше пуштен на слобода озогласениот кондовец Агим Красниќи, осуден за изборни нерегуларности, а вчера напладне за Куманово од Штип си замина тутунскиот бос Бајруш Сејдију,кој повеќе од шест години е во затвор за перење пари, насилство, злосторничко здружување и фалсификување.

Власта го ослободи Красниќи: По викендот, не се вратил на доодлежување

Со оваа постапка владата СДСМ и Зоран Заев влегоа со сериозна спрега и коалиција со мафијата.

Пуштањето на слобода на озогласениот криминалец Агим Красниќи и на тутунскиот бос Бајруш Сејдију, оди во линија со пишувањата на медиумите изминатиот период кои посочуваа дека Мери Николвска, член на СДСМ и сопруга на директорот на Центарот за кризи Агрон Буџаку, веќе подолго време бара амнестија за тутунскиот бос Бајруш Сејдију.

И тутунскиот бос Барјуш Сејдиу за изборите на слобода

Николова заедно со група луѓе кои се нарекуваат „Семејства на жртвите на владеењето на Груевски“ бараат амнестија од затвореници кои се обвинети за тешки криминали. Ова не е прв пат Николова да бара ослободување на затвореници. Таа претходно бараше ослободување и на Захир Бекири-Чауш.

Ваквата криминал-коалиција на владата на СДСМ и Зоран Заев со подземјето, отвора сомнеж за сериозни предизборни и изборни нерегуларности и изборни поткупи.

Во прилог на тоа оди и фактот дека додека се чека пресуда за терористите од Диво Насеље, тие ги почувствуваа благодатите на животот во Македонија. Уапсените терористи на кои им се заканува казна доживотен затвор, добија надеж дека всушоност нема да бидат осудени, а наместо тоа ќе бидат ослободени, благодарение на најавената амнестија на Зоран Заев.

Дотогаш, терористите ќе ги користат поволностите кои Заев им ги нуди како благодарница за добро завршената работа.

Терористите од „Диво насеље“ по посетата на Заев на Идризово добија мобилни: Деме Шеху почна да пишува за „животот“ на Фејсбук!

Имено, при посетата на затворот Идризово од страна на Зоран Заев, терористот Деме Шеху добил и мобилен телефон кој сега го користи да си ја „отвори душата“ на социјалните мрежи.

СДСМ исплашено поради слабиот рејтинг на анкетите пред локалните изборни,свесни дека ќе доживеат изборен дебакал и ќе изгубат во голем дел од општините, ослободува осудени криминалци и го активира криминалното подземје кое би требало да им погогне да ги добијат општините низ Република Македонија, а посебно Скопје и Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top