понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 79 ново

Економијата влегува во рецесија, расходите владата на СДСМ ги покрива со ново задолжување од 76 милиони евра

Со вчерашното задолжувања, владата за три ипол месеци ја задолжи државата за нови 246 милиони евра, а од државните девизни резерви стопи 177 милиони евра. Тоа вкупно се над 420 милиони евра за само три ипол месеци од владеењето на СДС за кои граѓаните не знаат за што се потрошени.

СДС енормно ја задолжува државата, вчера за 76.3 милиони евра. Заев и Тевдовски во текот на вчерашниот ден ја задолжија Република Македонија за 18.5 милиони евра повеќе од најавеното со електронската аукција.

Според ВМРО-ДПМНЕ ова се цели 420 милиони евра задолжени пред избори, кои можат да бидат употребени за поткуп на гласови.

-СДС треба да знае дека не смее да си поигрува со парите на граѓаните. СДС мора одговорно да се однесува со средствата кои ги задолжува, зошто секое незаконско работење ќе биде ревидирано по враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија, а сите прекршители на законите ќе одговараат. ВМРО-ДПМНЕ ја повикува меѓународната заедница и организациите кои го надгледуваат изборниот процес да внимаваат на дејствијата на владата и да не дозволат злоупотреба на парите на граѓаните во изборен поткуп, изјави вчера Лилјана Кузмановска.

Кузмановска вели дека неодговорната економска политика на СДС ја води државата кон банкрот и економски крах.

-Владата на СДС, предводена од црната тројка за македонската економија, Заев, Анѓушев и Тевдовски до крајот на годината планираат да спроведат уште 7 аукции, а од аукција до аукција сумата која ја задолжуваат е се поголема. ММФ вчера предупреди дека јавниот долг ќе расте, а буџетскиот дефицит ќе се продлабочи. Република Македонија под водство на СДС забрзано оди кон презадолженост и банкрот, само за да ги задоволат личните апетити на поединци од власта. Економијата полека ја клекнуваат на колена без позитивни изгледи за раст, а фирмите на врхушката на власт се шират и нижат државни тендери. Граѓаните ќе го казнат СДС за ваквото расипништво и неодговорност на претстојните локални избори на 15-ти октомври, посочи таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top