вторник, 17 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Новите кадри носат свежина и идеи за нови победи

Убеден сум дека на 15 октомври ќе победиме, затоа што сме подобра партија, поорганизирана, затоа што ВМРО-ДПМНЕ и во минатото докажа и сега дека е партија со многу подобри потенцијали и кадри, секогаш поподготвена, со подготвена програма, и што е најважно, држи до зборот. Тоа што ќе го вети, тоа и го реализира, за разлика од нашите опоненти, кои „Зборот е збор“ го имаат само на збор, а не и во реалноста. Се што ветуваа, обратно остваруваа, а се обидуваа да го прикажат како да е реализирано. Тоа народот го препознава, го препознаваше, а и ќе го преоознае на наредните избори. На народот му треба решавање на реалните проблеми, затоа се бираат влади. Се бираат влади за решавање на конкретни проблеми. Во првите 100 дена ние решивме над 52 крупни проблеми, ашто реши оваа влада? Луѓето прават разлика

Мислам дека граѓаните ни веруваа и ќе ни веруваат затоа што работиме чесно, се трудиме да направиме се што е можно за граѓаните и за поквалитетен живот, за решавање на нивните проблеми и земјата да оди напред и да стане членка на ЕУ и НАТО, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва во емисијата „200“ на телевизија Алсат.
Во сето ова имаме вложено години и денови зад нас и имаме резултати кои што се видливи и имаме најдобра програма, подготвуваме нова визија за наредните години која што во поток ќе биде презентирана пред народот. При изборот на новиот Извршен комитет внимавав да има дел од поискусните кадри, но да има и простор за нови кадри со нови идеи и свежина со кои заедно ќе одиме кон новите победи, порача Груевски.

Top