вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 1 ново

Бомбите беа политички инструмент за отстранување на ВМРО-ДПМНЕ од власта

Времето во опозиција најголемата партија ВМРО-ДПМНЕ го користи продуктивно во насока да ги поправи грешките и пропустите од минатото. Партијата е фокусирана токму на тие слаби точки за во иднина да изгради уште подобар модел за развој на Македонија.

Во овие три и пол месеци бевме многу меѓу граѓаните, одевеме на терен, го истражувавме нивното мислење на секаков начин, не само преку агенции, туку и со директни контакти. Размислувавме за се што се случувало во минатото, каде биле нашите слабости, каде биле нашите предности и се фокусиравме на иднината, на она што треба да се напарави за и понатаму да се подобрува животот на граѓаните, да се зголемува животниот стандард, и да се решаваат нивните проблеми, а државата да оди напред и да стане членка на НАТО и ЕУ.

Од денешна перспектива на бомбите на СДСМ Груевски гледа како на средство за уривање на кредибилитетот на ВМРО-ДПМНЕ, преку креирани, честопати сечени материјали, со коишто требаше да се прикаже друго лице на партијата и на раководството.

Тоа беше политички инструмент за отстранување на ВМРО-ДПМНЕ од власта и не беше случајно што сепак ВМРО-ДПМНЕ ја освои довербата на мнозинството граѓани. Мнозинството граѓани препознаа дека станува збор за голема измама.

Луѓето немаа причина да се плашат, ја отфрли Груевски тезата на Рушиди, дека луѓето се плашеше дека ВМРО-ДПМНЕ се уште ги слуша.

– Од што се плашеа, од министерот Спасовски, кој беше министер за внатрешни работи, дека тој ги слуша? Од што се плашеа кога половина од оној дел од Владата што е задолжен за споведување на изборите беше во рацете на СДСМ? Не се плашеа, туку си го кажаа своето мсилење, кои очигледно не кореспондира со мислењето на оние кои ја правеа пропагандата против ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски е непоколеблив дека снимените материјали од т.н. бомби потекнуваат од таму од каде што Заев нему лично му кажал – од странски служби.

Подоцна се виде дека и однатре, поединци во МВР, раководени од лица, поранешни функционери на СДСМ, работеле на незаконско снимање на материјалите, што подоцна се искористи во правец на декредибилизирање и уривање на ВМРО-ДПМНЕ. Имаше очевидни докази – скајп коуникација која излезе во јавноста, имаше признанија на поединци пред Обвинителството. Тоа се непобитни факти, рече Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top