понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 82 ново

Живееме во време на политичка хајка

Живееме во време на политичка хајка против не истомислениците, против раководители на поранешните државни структури и најмногу против  раководството на ВМРО-ДПМНЕ – изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој вечерва гостува на телевизијата „Алсат – М“.

СДСМ во неможност да одговори пред граѓаните за нивните потреби и во неможност да реализираат ветувањата кои што ги ветија за подобар живот и да ги вратат децата кои што заминале во странство и поради неможност за реализирање на овие проекти тие ја дефокусираат јавноста со политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ, вели Груевски.

Груевски, како што изјави во интервјуто во емисијата „200“ на Назим Рашиди не подржува никакво бегање.

Но, може да разберам во каква атмосфера живеат луѓето. А тоа е класична политичка хајка која се води против неистомисленици. Хајката најмногу се води против ВМРО ДПМНЕ и функционери од поранешна власт и тоа со цел да се дефокусира јавноста. Тие наместо да се занимаат со проблеми кои најмногу ги интересисаат граѓаните, а тоа се плати, работни места, субвенции за земјоделието, членство во НАТО и ЕУ, тие прават хајки. Ветуваа 500 километри автопат, а еден километар не е изгаден – рече Груевски.

Македонија во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ неуморно секојдневно работеше на состојбите и на решавање на проблемите и подобрување на демократијата и носење на закони кои ќе ја приближат државата кон ЕУ и Македонија беше слободна држава на слободни граѓани кои слободно го искажуваа своето мислење на изборите, а се останато беше една сериозна кампања под кои потпаднаа многу луѓе.

Ние што ова го работевме во овие три месеци беа многу контакти со граѓаните, одења на терен, истражувања на нивното мислење, каде биле нашите слабости и предности и фокус каде треба во иднина да одиме. Бомбите беа само средство за уривање на кредибилитетот на ВМРО-ДПМНЕ преку креирани и сечени материјали со кои требаше да се прикаже друго лице на ВМРО-ДПМНЕ и тоа беше политички инструмент за отстранување на ВМРО-ДПМНЕ на власт и не беше случајно што ВМРО-ДПМНЕ го освои мнозинството на гласови на минатите избори бидејќи луѓето препознаа дека станува збор за голема измама, потенцираше Груевски.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top