понеделник, 16 октомври 2017 | Вести денес: 88 ново

Додека ВМРО-ДПМНЕ градеше за Албанците, СДСМ ги купуваше нивните гласови со лаги, измами и клеветења

Фактите се на наша страна, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, навраќајќи се на, како што рече новинарот Рашиди, „погрешната перцепција за него, за ВМРО-ДПМНЕ во однос на исте меѓуетнички политики во Македонија, или кон Албанците“. Тој повторно потенцира дека политиката на ВМРО-ДПМНЕ била насочена кон решавање на реалните проблеми на Албанците, кои произлегуваат од секојдневниот живот и чиешто решавање директно влијаело за подобрување на нивниот стандард.

Од донесувањето на Леар во Тетово со планирани 3000, а веќе оставрени 1000 вработувања, дали станува збор за земјоделието, за субвенциите, само во олошкиот регион според нашата евиденција Албанците имаат земено над 40 милиони евра, дали станува збор за решавање инфраструктурни проекти – во општините каде што се Албанците доминантно население инвестирани се над 400 милиони евра.

– Паралелно на тоа, се водеше очигледно силна медиумска кампања против ВМРО-ДПМНЕ и против мене лично како претседател на партијата дека сме националисти, шовинисти, дека не ги сакаме Албанците, дека им мислиме нешто лошо, што беше тотално неточно. Ние мислевме дека преку секојдневните настапи Албанците ќе го разберат тоа, затоа што гледат дека ивестираме во албански средини, дека отвораме 10 нови факултети на Тетовскиот универзитет, отворивме нов универзитет „Мајка Тереза“, изградивме 35 нови училишта само во четирите општини со доминантно албанско население, реконструиравме над 100 училишта, потсети Груевски.

Груевски е дециден дека колку и да изгледа нормално дека секој премиер го прави тоа за граѓаните, вклучувајќи ги и Албанците, тоа во Македонија не е точно. Груевски потсети на премиерите пред него, во чиешто време не било направено во однос на она што го сработи владата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Очигледно некој виде дека е причитан кај Македонците, дека измамите, лажните обвинувања не поминуваат, мислам на СДСМ, и отиде на стратегија да ги привлече албанските гласачи така што ќе го оцрнат ВМРО-ДПМНЕ до таа мера што Албанците ќе почнат да гласаат за нив и на тој начин ќе се приближат со гласачкото тело до ВМРО-ДПМНЕ.

Top