понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

ВМРО-ДПМНЕ: Законот за амнестија што го предложи Владата е изборна корупција

Заев со амнестија ги лаже затворениците и ги злоупотребува во предизборни цели. Мавтањето со предлог закон за амнестија кон прекршителите на законот, сторители на кривични дела не е ништо друго туку изборна корупција и кохетирање со затворениците пред избори, се вели во реакцијата на ВМРО ДМНЕ по предлог законот за амнестија.

„Преку случајот на ослободувањето на Бајруш Сејдиу и Агим Красниќи се покажа дека кога сака СДС и Заев не им е потребна амнестија за ослободување туку тоа се прави преку кршење и злоупотреба на законот“ реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

Според нив, Зоран Заев е нечесен кон луѓето кои се по затворите.

Тој сака да ги искористи како гласачка машинерија, а во реалноста тој ќе ги измами и оваа категорија на граѓани.

Владата на СДС работи со манипулации, создавање на хаос и демонстрирање на бандитизам кој станува нивна главна одлука. Ова граѓаните ќе го казнат на 15-ти октомври“ пишува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top