вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 1 ново

Силен земјотрес го погоди Мексико

Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во централната мексиканска сојузна држава Пуебла, сопшти Сеизмолошката агенција на Мексико.

Меѓутоа, според американски медиуми, интензитетот на земјотресот бил 7,4 степени по Рихтер.

Засега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети.

Мексиканските медиуми јавија дека земјотресот бил почувствуван и во главниот град Мексико Сити, каде голем број жители во паника ги напуштале своите домови и работни простории.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top