понеделник, 16 октомври 2017 | Вести денес: 88 ново

Груевски на средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ и НАТО и претставници на ОБСЕ и ОДИХР

-Од страна на Груевски беше истакнато дека стратешки приоритет на Република Македонија преставува членството во Европската Унија и за тоа е многу важна поддршката од европските пријатели со цел придвижување на процесите. Во изминатиот период освен декларативна заложба на владата, немаше никаков суштински продонес за напредок на полето на интеграциите. Беше изразена загриженост од негативните трендови во економијата која придонесува за слабеење на стандардот на граѓаните, и создавањето на лош амбиент за водење на бизнис, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и членови на Извршниот комитет на партијата денеска се сретнаа со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија и НАТО како и преставници на ОБСЕ и ОДИХР, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата се разговараше за актуелната состоба во државата, подготовката на локалните избори, како и стратешките интереси на државата.

-Од страна на Груевски беше истакнато дека стратешки приоритет на Република Македонија преставува членството во Европската Унија и за тоа е многу важна поддршката од европските пријатели со цел придвижување на процесите. Во изминатиот период освен декларативна заложба на владата, немаше никаков суштински продонес за напредок на полето на интеграциите. Беше изразена загриженост од негативните трендови во економијата која придонесува за слабеење на стандардот на граѓаните, и создавањето на лош амбиент за водење на бизнис, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека истовремено загрижува и тенденцијата која преминува во редовна пракса на повреда на законите, кога станува збор за именување на функционери, како и корупциските скандали кои се врзуваат за владата, а кои говорат за незаконско постапувања.

-Воедно беше посочена потреба Владата активно да се ангажира за создавање на демократски амбиент за одржување на локалните избори, и за таа цел не се во полза политичките пресметки и хајки врз градоначалниците, негативната реторика која не придонесува кон градење на доверба кон целокупниот процес. Беше изразена силна загриженост од првичните обиди да се заплашуваат гласачи и да се поткупува гласот од страна на СДСМ, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека било побарано да се создадат сите услови за фер и демократски избори.

Top