четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 109 ново

Милошоски: Изет Меџити зел 14% провизија за плоштадот Скендербег, 450 илјади евра (видео)

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на денешната собраниска седница, истакна дека неуставниот јазик за двојазичност се носи за да се прикријат корупцијата и неспособноста на функционерите на ДУИ.

Кој има потреба од носење на неуставен закон, дали имаат потреба некои пратеници кои што земале или не земале пари да гласат за ваков закон, дали тие пратеници се од СДСМ или не се тоа не знам, но едно знам дека ова не е потребата на граѓанинот Албанец, не е главната потреба. Знам дека ова е потребата на некој функционери Албанци за да ја покријат својата неспособност или корупција. Градоначалникот на Чаир Изет Меџити има земено 14% провизија за плоштадот Скендербег, 450 илјади евра има земено Изет Меџити, рече Милошоски.

Потребата на неуставниот закон не е за обичниот Албанец туку за да се покрие непособноста на функционерите на ДУИ.

-Потребата за овој закон е како Теута Арифи да покрие тоа што нејзиниот сопруг стана врховен судија, додека многу Албанци заминаа во странство да бараат леб. Како Изет Меџити зема 450 илјади евра за плоштадот Скендербег, како може еден градоначалник да земе пари и да се кити со нив. Потребата да се донесе неуставен закон има еден градоначалник кој што бугарска фирма градеше плоштад и истата префрли 450 илјади евра на фирма од Дебар, по  барање на градоначалникот Изет Меџити. Потребата е на Теута Арифи која што не успеа Албанците во Тетово да ги заштити од канцероген чад, потенцираше тој.

Милошоски на крајот истакна дека овој неуставен закон ќе падне на Уставен суд, но ќе предизвика кавга и нема да се збори за реалните потреби на Албанците во Македонија.

Top