среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 108 ново

Македонската актерка Јелена Јованова ќе глуми во шпански филм

Македонската актерка Јелена Јованова ќе ја толкува главната женска улога во шпански филм, пишува Факултети.мк. Јованова започна со снимањето на филмот „El desentierro“, кој е во режија на Начо Руиперез. Таа за потребите на улогата ја скратила косата, а сега е и црнокоса.

Во филмот друштво ќе ѝ прават познати шпански актери, Хан Корнет, но и косовскиот актер со холивудска кариера, Арбен Бајрактарај.

– За потребите на филмот учам шпански. Ме радува ваквиот предизвик и се надевам дека на крај ќе имаме одличен филм – рече Јелена.

Македонската актерка ја очекува и премиерата на српскиот филм „Злогоње“, кој е во постпродукција, а ние ќе гледаме во ТВ-серијата „На терапија“.

Top