понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Мечиња на обиколницата кај Задар

Возачите на задарската обиколница деновиве забележале несекојдневна глетка – три мечиња што трчаат по патот обидувајќи се да ги избегнат автомобилите. Хрватските медиуми ја пренесуваат изјавата на професорот Ѓуро Хубер од Ветеринарниот факултет во Загреб, кој вели дека станува збор за мечиња родени годинава, стари околу девет месеци.

– Ја намалив брзината и вклучив четири трепкачи за да ги предупредам возачите зад мене да внимаваат да не ги прегазат – вели возач кој во неделата во доцните вечерни часови ги снимил трите мечиња на обиколницата кај Задар над Бакар. Мечињата барале излез од патот трчајќи кон излезот за Крк.

За среќа, вечерта немало многу сообраќај на патот, па мечињата успеале навреме да ја напуштат обиколницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top