вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 1 ново

Зошто молчат надлежните за криминалот на винарската визба „Повардарие“?

Кон крајот на минатата година беше поднесено барање од Царинската управа за отворање на стечај за винарската визба „Повардарие“ од Неготино. Во меѓувреме винаријата ја изгуби лиценцата за откуп на грозје поради неисплатени обврски кон лозарите во предвидениот рок. Според последните податоци од Листата на должници на УЈП, Повардарие за неплатен данок на државата и должи над 650 илјади евра

Иако винарската визба „Повардарие“ нема лиценца за откуп на грозје, сепак информациите од терен говорат дека активности на откуп се во тек. Ваквиот див откуп впорочем е во прилог на министерството за земјодекство, шумарство и водостопанство бидејки не подложи на субвенции. Предавањето на грозје кај диви откупувачи оневозмозува земјоделците да аплицираат за сунбенции, пишува порталот „Економски.мк“.

Според информации на „Економски.мк“ винаријата „Повардарие“ покрај немањето ливенца има и забрана од страна на Државниот земјоделски испекторат заради лажно пријавување на количини на грозје од ланската реколта.

Оттука се поставуваат низа на прашања како, зошто надлежните молчат, дали се амнестира криминалот?

„Повардарие“ не смее да врши откуп бидејќи на винарската визба и е блокирана сметката поради долг кон министерството за финансии, долг кој е во висина од неколку милиони евра. „Повардарие“ должи огромни средства и кон лозарите што е дополнителна причина дека не смее да врши откуп. Tемава деновиве ја отвори „Економски.мк.“ Но и покрај тоа што има низа на отворени прашања кои во јавноста ги постави „Економски.мк“ молчењето на надлежните пак говори дека се дозволува угнетување на земјоделците без пари, а истите треба да ги заштити министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Оттука и прашањето зошто молчи и надлежното миистерство, како и министерството за внатрешни работи. Воедно во ова треба да се вклучи, односно да се заинтересира и инспекторатот за земјоделство.

Деновиве се постави и прашањето дали СДСМ и надлежните знаат што се случува во Повардарие?, потоа дали тоа што странските газди го прават таму е со амин на раководството од СДСМ?

Кон крајот на минатата година беше поднесено барање од Царинската управа за отворање на стечај за винарската визба „Повардарие“ од Неготино. Во меѓувреме винаријата ја изгуби лиценцата за откуп на грозје поради неисплатени обврски кон лозарите во предвидениот рок. Според последните податоци од Листата на должници на УЈП, Повардарие за неплатен данок на државата и должи над 650 илјади евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top