понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 81 ново

Додека илјадници луѓе се плашат дека ќе останат без парче леб, Анѓушев и Заев гледаат како од богати да станат побогати

Вицепремиерот Кочо Анѓушев со сесрдна помош на владата на Зоран Заев продолжува со милионското богатење. За тоа најдобро сведочи криминалната одлука која вчера свиркачи ја објавија во јавноста преку сајтот justpaste.it. Според одлуката, Анѓушев и Заев криминално пренамениле земјоделско земјиште за Анѓушеви градат хидроцентрали, со што нови милиони влегуваат во игра.

Владата на Република Македонија, премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев веќе три дена молчат по обелоденувањето на скандалот кој ја разбрани јавноста.

Додека неколку илјади граѓани стравуваат дека ќе останат без работа поради односот на Заев со кој ги брка странските инвеститори, Заев и Анѓушев работат посветено само во намерата иако се многу богати, да станат уште побогати. Очигледно сметаат дека со молчење можат да ја замајуваат јавноста, но по секој нов скандал во нивното работење, граѓаните бараат се повеќе одговори, а револтот кај нив оправдано расте.

Пренамената на земјиште на кое Анѓушеви ќе градат хидроцентрали е криминална и овие луѓе, наместо да молчат, мора да сносат одговорност.

Вредноста на земјиштето неколкукратно се зголемува!

Владата на седница на 29 август донела одлука за пренамена на земјоделско земјиште во градежно земјиште. Тоа се 23 дена откако беа распишани изборите и откако владата практично е ограничена и не смее да носи вакви одлуки.

-Кога се распрашав зошто е тоа така, ми стана јасно. Зад фирмата која учествува во целата работа стои кој ако не Кочо Анѓушев. Имено станува збор за пренамена на земјиште со која неговата вредност неколкукратно се зголемува. Станува збор за земјиште на кое треба да се гради ХЕЦ Тополка со придружни објекти. Фирмите кои стојат зад сето ова се Energy delivery solutions и Hidro holding односно Мали Хидроелектрани Тополки ДОО сега регистрирана на бул.Свети Климент Охридски број 30, во управната зграда на Фероинвест на Кочо Анѓушев. Управител на МХЕ е братот на Кочо Анѓушев, Тодор Анѓушев- објавено е на сајтот кој е извор на информацијата.

Во текстот се нагласува дека ваквата алчност за пари не може да се скрие со поставување на сопствениот брат за управител.

-Судир на интереси постои и нас ќе не плукаат по улици ако не се избориме против ова. Не знам дали Кочо Анѓушев лично гласал и дали бил присутен на таа седница, но не можам да гарантирам дека не разговарал со другите министри и не ги убедил да изгласаат една ваква одлука која што ќе му донесе екстра профит на него и брат му. Ете ја погоре одлуката на Влада, па нека повели Анѓушев и нека објасни.Ова е извадок од веб страницата на Фероинвест во кој јасно стои кој е управител на МХЕ- се вели во текстот.

Анѓушев на најподмолен начин ја злоупотребува државната функција

Кочо Анѓушев на најгруб можен начин ја злоупотреби функцијата вице-премиер на Владата на СДС и се обиде да приграби преку својата фирма ФЕРОИНВЕСТ тендер од АД ЕЛЕМ во вредност 2.6 милиони евра. Ова е типичен пример за судир на интереси. Кочо Анѓушев на најподмолен начин ја злоупотребува државната функција, а со тоа и парите на граѓните, истакна Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Јакимовска смета дека ова е нешто невидено во ниту една друга држава. Затоа, од ВМРО-ДПМНЕ го повикуваат Кочо Анѓушев, уште веднаш да си поднесе неотповиклива оставка и уште уште еднаш да ги тргне своите раце од парите на граѓаните. Оставката е најмалку што може да направи Кочо Анѓушев во овој момент, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тој со оваа постапка каде што си додели сам на себе тендер, уште еднаш потврди дека не е на функцијата за да работи за граѓаните, туку за личните интереси. Кочо Анѓушев како вице премиер, наместо да работи на инвестиции за граѓаните, за жал тој инвестира народни пари во својот личен џеб. Граѓаните бараат одговорност! Граѓаните бараат оставка од Кочо Анѓушев- порача Јакимовска.

Таа кажа дека ВМРО-ДПМНЕ предупредува Владата да не помисли да го поништи тендерот и да распише оглас за нов после изборите за да може Кочо Анѓушев да ги лапне парите кога полутичката штета би била помала.

-Доколку „Фероинвест“ односно Кочо Анѓушев, транспарентно го добила тендерот, ќе се откаже од истиот, со што ќе се отвори врата за повторување на тендерската постапка и ќе се отфрли сомнежот за влијание врз постапката. Воедно, го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да отпочне постапка за утврдување на одговорност и транспарентност на постпаката, каде сметаме дека имало влијание од страна на Кочо Анѓушев. На овој бандитизам мора да му се стави крај уште веднаш. Користењето на државните средства и парите на граѓаните за лично богатење е одлика и начин на работа на СДС – додаде Јакимовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top