понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Летате, паѓате, голи сте – соништа кои не смеете да ги игнорирате, а еве и зошто

Квалитетниот сон е секогаш потребен за да ги наполниме „батериите“ и одморни да го дочекаме новиот ден.

Откриваме кои соништа не смеат да се игнорираат:

ПАЃАЊЕ – болест на крвотокот, проблеми со притисокот и слr ако паднете – ќе бидете оштетени.

МАЧКА – ќе потрошите многу пари на жени / лаги; ако ве гризне или ве изгребе – повреда; бела мачка – љубов; мачка со пеги – воздржете се од премногу страст; црна мачка – опасност; ако храните, си играте или галите мачка – за доброто ќе ви вратат со лошо / неверство; ако ја тепате илија убиете – неверство; ако мјаука – непријатни настани; мачка со мачиња – беда; ако јадете месо од мачка – неверство.

ЗАБИ – ако ви паѓаат – смрт во семејството; ако извадите заб – ќе ги прекинете односите со некое непријатно лице; ако поправате заби – ќе си ја средите ситуацијата; расипани заби – болест; убави, бели заби – здравје; нов заб – ќе чуете нешто што не сте го знаеле досега; вештачки заб – разочарување; златни заби – богатство; ако на сон миете заби – штета; ако ве болат заби – блиски луѓе ќе ви нанесат навреда.

ЛЕТАЊЕ – блаженство; долго летање – наредните денови ќе ви поминат многу пријатно; брзо летање – болест; ако паднете при летање – непријатности; летање со крилја – среќа – ако гледате како летаат други – ќе ве обземе завидливост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top