понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 117 ново

Никол Кидман го бакна колегата пред сопругот, а потоа се избламира на говорот (ВИДЕО)

Никол Кидман прво ја изненадила целата сала кога колегата го бакнала во уста, а потоа се избламирала во текот на говорот кога ја примала наградата за најдобра главна актерка на вчерашните доделувања на “Emmy” награди.

Никол Кидман му честитала на колегата од серијата “Big Little Lies”, Александар Скарсгард, на наградата за најдобра споредна машка улога, и притоа го бакнала во уста, додека нејзиниот сопруг Кит Урбан, мирно стоел покрај нив.

Серијата “Big Little Lies” го следи животот на три мајки во Калифорнија, а покрај Никол Кидман во серијата глумат и Рис Витерспун и Шаилин Вудли. Врската меѓу ликовите кои ги глумат Кидман и Скарсгард е насилна и зборува за семејното насилство, што актерката го истакнала во говорот.

Исто така, им се заблагодарила на сопругот и децата на поддршката. “Имам големо уметничко семејство кое ми пружа поддршка цело време. Ми бевте верни и на тоа сум ви многу благодарна. Имам две девојчиња – Сани и Фејт. И милиот Кит кој ми помогна во уметничката кариера. Поднесоа многу жртви поради тоа. Поради тоа оваа награда е нивна”, рекла Кидман.

Но, многумина веднаш забележале дека Кидман ги заборавила своите деца, 24-годишната Изабел и 22-годишниот Конор, кои ги посвоила додека била во брак со Том Круз. Секако, тоа не минало незабележано на Твитер, каде актерката била критикувана за тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top