вторник, 17 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Треба ли да се казнат тие што тресат трошки од тераса?

Идејата за ова прашање ја добивме после предлогот во Зајечар. Жителите на Зајечар ќе мора да внимаваат дали, на пример, ќе ги истресат трошките од чаршавот преку терасата. Ако бидат фатени на дело, ќе бидат осудени на 8.000 динари(67 евра) без право на жалба.

Ова е еден од заклучоците на Градскиот совет, кој наскоро ќе се одржи пред советниците. Исто така, било предложеноситестанари кои имаат деца во дворот или прават бучава во станот, како и оние што пушат во лифтови и ходници на зградите, да ги казнуваат со 8.000 динари (67 евра).

На терасите не смее да се чува ништо што го огрдува градот, како велосипед, стар мебел, бела техника. Иако поголемиот дел од граѓаните на Зајечар се греат на сопствена режија, Градскиот совет предложи да се забрани чување на огревно дрво на терасите. Велосипедите не смеат да бидат во ходниците.

 

извор: вработување.мк

Top