среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 8 ново

Првото интервју на најстариот син на Џоли и Пит

Најстариот син на холивудските актери Анџелина Џоли и Бред Пит – Медокс веќе може да се пофали со своето прво официјално интервју за списанието „Пипл“. Во него тој споделува каква мајка е Енџи, како е да се работи со неа, откако тој беше дел од тимот на најновиот филм, продуциран од Џоли – „Прво го убија татко ми“ .

Медокс вели за својата мајка дека е „чудо“ и дека со неа се работи многу лесно. Може да се каже дека тој е и емотивно поврзан со филмот, бидејќи е роден во Камбоџа, а филмот е создаден по спомени на познатата активистка Лунг Анга за злосторствата на „Црвените Кмери“ во Камбоџа, кој владеел во втората половина на 70-тите години.

Пит и Џоли го посвоија Медокс во 2002 година, и тој не крие дека е горд на своето потекло и ги сака луѓето во Камбоџа, бидејќи тие се слободни и го прават она што го сакаат.

Џоли, од своја страна пак, раскажува за „Пипл“ какво е дете е нејзиниот син: „Медокс постојано патуваше до својата татковина и назад. Тој читаше, слушаше, учеше и апсорбираше сето она што е карактеристично за камбоџанската култура. Тој се запозна со најтемните делови од историјата на земјата. Бев охрабрена да работам на овој филм. Тој, исто така, помогна со сценариото“.

Анџелина, исто така, вели дека Медокс е многу способен – тој зема часови по летање, учи француски и руски, откако и германскиот му е на добро ниво.

По објавувањето на разводот со нејзиниот сопруг Бред Пит пред една година, актерката се повлече од јавната средина.

„Мислам дека сега сум малку посилна. Секој има тешки моменти во својот живот. Но, како мајка, морав прво да размислувам за моите деца. Тие се на возраст кога нивните карактери се формираат, па јас ставив сè друго во позадина“, вели Џоли во интервјуто за „Пипл“.

Top