понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 82 ново

Една ѕвезда постојано доаѓаше пијан на тренинг, заради него Мурињо мораше да менува термин

Тешко дека во блиска иднина Интер ќе ги достигне успесите од времето на Мурињо, а Романецот Јанис Зику неодамна открил една интересна анегдота од соблекувалната од периодот кога Португалецот беше на чело на тимот.

– Имаше една ѕвезда на Интер кој секој понеделнк доаѓаше пијан на тренинзите. Тоа беше Бразилецот Маикон. Дознав дека Мурињо бил до толку загрижен, што ги повикал повозрасните фудбалери во тимот за да ги запраша како да го решат проблемот. После тоа, Интер понеделничките тренинзи ги правеше навечер. Само така Маикон можеше нормално да го доработи тренингот, – открива Зику за „Дики Спорт“, фудбалер кој беше член на клубот од „Џузепе Меаца“ подолг период, иако не доби вистинска шанса во првиот тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top