четврток, 21 септември 2017 | Вести денес: 91 ново

Влегле во куќата на нарко-бос во Лондон – внатре ги дочекала слика каква нема ни на филм (Видео)

Тим луѓе кои истражуваат напуштени и помалку познати места, одлучила да се впушти во нова авантура – посетиле некогашна куќа на нарко-бос. Како и што било очекувано, оваа „екскурзија“ не била нималку пријатна, затоа што многу сцени потсетувале на сцени од крими серии и филмови.

Според информациите до кои дошле пред да заминат во ова подрачје, куќата ја изнајмиле криминалци со седиште во Лондон. Тие плаќале 5.500 евра кирија за да живеат таму.

Сопственичката на оваа куќа била поранешната сопруга на Клиг Ричард, англиски пејач кој беше познат во 60-те години. Таа куќата ја добила по разводот со кантавторот.

Истражувачите наишле на неверојатни сцени. Ја снимиле внатрешноста на куќата, целиот хаос кој останал зад луѓето кои последни живееле тука.

Ѕидовите биле оштетени, а по подовите имало расфрлани различни предмети и отпадоци. Она што ситуацијата ја направило пострашна е што немало струја и што момчињата морале да се движат низ темница, не знаејќи што ги чека во следната просторија.

Во кујната забележале дека тече плин и со пламен тоа го потврдија. Непознато е зошто гасот цело време бил потенцијална опасност.

Она што ги вознемирило се крвавите органи во судоперите, поголемиот дел од нив потсетуваат на срца. Се ширела ужасна смрдеа од куќата.

Тензијата започнала да расте кога наишле на макета од куќата во која се наошале, а шокот дури следувал кога затекнале недопрен луксузен лустер во една од собите. Дури ниту полиците со книги не биле вистински, туку зад нив имало таен премин.

Погледнете го видеото и дознајте какви тајни криеле балконите во куќата, која ја посетила оваа екипа.

Top