сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 32 ново

Еуфорична атмосфера во штабовите ВМРО-ДПМНЕ – членството подготвено за победа

Во победничка и еуфорична атмосфера општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид синоќа одржа состанок.


Штабот беше претесен да ги собере сите членови и симпатизери кои со скандирање и овации покажаа дека се подготвени за изборите. Членството никогаш не било посплотено и не биле толку решени да одговорат на сите предизвици на локално ниво.


Претседателот на општинскиот комитет д-р Кирил Пецаков истакна дека заедно со кандидатот за градоначалник одат во мисија со која ќе им покажат на граѓаните, на Охрид дека ВМРО-ДПМНЕ работи во интерес на охриѓани и ќе работат Охрид да биде модерен и просперитетен град и дека ќе се борат против деструктивната политика на СДС.

Носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид ќе биде д-р Кирил Пецаков.

Ресен

Ресен

Пробиштип

 

Top