среда, 20 септември 2017 | Вести денес: 33 ново

Анкета на „Павел Шатев“: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на локалните избори

Во рамките на проектот „Избори 2017“ во кој ќе бидат спроведени и објавени серија истражувања на јавното мислење на национално и на локално ниво, Институтот „Павел Шатев“ ја спроведе втората национална анкета на јавно мислење.
Целта на телефонската анкета спроведена од 9 до 12 септември 2017 година, во која учествувале 1230 испитаници, е да ги утврди перцепциите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања.

На прашањето која партија ќе победи на претстојните локални избори 38,2% од испитаниците се одлучиле за победникот и на парламентарните избори во декември – ВМРО-ДПМНЕ. Во победа на СДСМ веруваат само 18.1% од испитаниците.

Политиката на Владата за мигранти, со која се обезбедуваат услови за нивно трајно населување, домување и вработување нема доверба од 91.1% од испитаниците.

Граѓаните не го поддржуваат ниту договорот склучен со Бугарија. 66.1% од испитанците се протиов овој договор.

Висок процент од испитаниците, дури 89.5% не го поддржуваат предложениот закон за јазици.

Двојна е предноста на Никола Груевски пред Зоран Заев според одоговрите на испитаниците кој би бил подобар премиер Никола Груевски или Зоран Заев. За поранешниот премиер Греувски се изјасниле 42.2%, а за актуелниот Зоран Заев 21.1%. Генералнот впечаток на граѓаните е дека Зоран Заев не е добар премиер.

Top