сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 32 ново

Бркањето странски инвеститори ги богати тајкуните на СДС и ќе ја намали просечната плата: Три фабрики ставаат клуч на врата, 1000 работиници остануваат на улица

Уште три нови фабрики, странски инвестиции со околу 1000 вработени, од вчера се пред одлука за нивно затворање. Тоа значи и одлука 1000 лица да останат без средства за егзистенција.
Поради отворениот прогон што го врши Владата на странските инвеститори, дел од нив планираат да ја напуштат Македонија и својот капитал да го пренасочат во други држави кои имаат одговорни влади. Затоа сѐ уште не се знае конечниот број лица кои ќе останат без работа. Нивниот број е секако многу поголем, а се стравува дека може да достигне и 20.000.

Две странски компании веќе се пред официјално ставање на клуч на вратите. Имаат вработено 2000 лица. Сите од нив ќе останат на улица.

– Имаме огромни забелешки на односот на владата, со која речиси и немаме никаков контакт, на било кое ниво. Нам ни е жал, но доколку продолжат вака работите, ние со сигурност ќе ја напуштиме државата до крајот на годината. За таа цел веќе започнавме разговори со повеќе држави од соседството и регионот, изјавува еден од менаџерите на компаниите кои се пред одлука да се селат.

Менаџер на друга компанија вели:

– Еве на пример мојата компанија не користи државна помош, но и да користи, тоа не е главната пречка и тоа не е главниот фактор поради која компаниите инвестираат. Најавуваат зголемени даноци, тоа ќе биде катастрофално за сите компании, и домашни и странски. Познавам и други раководители на странски компании во државава кои сакаат да си заминат доколку продолжи ваквиот однос. Мојата компанија вработува над 400 луѓе, сите се добри работници, ќе ми биде жал, но ние сме пред одлука за селење.

Покрај тоа што овие неколку компании се пред одлука за затворање на капацитетите, она што е познато дека и голем број на други компании се откажале од разговори со владата за идно инвестирање. Една американска компанија донела дефинитивна одлука да прекине разговори со владата на Заев и својата инвестиција да ја пренасочи кон Србија. Се работи за инвестиција која во Македонија ќе обезбедеше 1.500 вработувања.

 

Делев: Бркањето на странските инвеститори само ќе им користи на тајкуните на СДС и ќе ја намали просечната плата

Пресот на владата за странски инвестиции беше уште еден класичен обид за манипулација на јавноста и нејзино дефокусирање од деструктивните економски политики на неспособната влада предводена од СДС, изјави Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

Новата влада во паника од економскиот колапс денес излезе со апсолутно неточни информации во делот на странските инвестиции. Веселата Математиката според Рашковски е применета при пресметките. СДС нема концепт за странски инвестиции и апсолутно никакво познавање на проблематиката ниту регулативата што се занимава со странски инвестиции. На денешниот прес СДС сами се демантираат! Вкупната помош на сите странски компании во Македонија изнесува 25 милиони евра за над 20 компании за 10 години во зоните и исто толку надвор од зоните. 25 Милиони Евра за креирање над 25 илјади работни места плус огромна бројка на индиректни вработувања. СДС и владата не се способни да пресметаат државна помош, па во веселата математика се ставени и платите на генералниот секретаријат, ставени се средствата за градба на индустриски зони, технолошки зони и да биде апсурдот поголем најголема ставка е ДДВ кој според закон е повратен, СДС пресметува ДДВ по формулата на Тевдовски. Ако пресметаме бенефитот според формулата на СДС тогаш само една компанија во Македонија лоцирана во ТИРЗ 1 ќе има 30% опфат од целокупната економијата, потенцираше Делев.

Тој вели дека бркањето на странските инвеститори само ќе им користи на тајкуните на СДС. Бркањето на странските инвеститори ќе ја намали просечната плата. Оваа погубна политика на СДС мора за престане, доколку оваа лудило продолжи Македонија ја чека економски колапс полош и од криминалната транзиција.

Сакам јавно да го прашам вицепремиерот за економски прашања колку средства добива на годишно ниво за производство на електрична енергија. Јавноста треба да знае колку средства добиваат компаниите на Кочо Анѓушев. Влада која за партиски вработувања за само 100 дена потроши 340 милиони евра без притоа да привлече ниту една странска инвестиција и ниту еден капитален проект нема право да говори за економските политики на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ. На СДС му пречи фактот што владата предводена од Никола Груевски преку привлекување на странски инвестиции успеа да креира 20 илјади нови вработувања и во услови на криза македонската економија да има раст на БДП. На СДС му пречи фактот што тие ќе останат запаметени како гробари на македонската економија и партија која еднострано во парламент без опозиција го изгласа законот за приватизација. Партија која преку криминалната приватизација остави 200 илјади луѓе на улица и ја врати македонската економија 50 години назад, истакна Делев.

Тој потенцираше дека нивното расипништво уште еднаш се покажа на дело преку нивната неспособност на веќе започнати или завршени преговори со преку шеесетина странски компании да успеат да ги убедат да инвестираат во Македонија. Ова Македонија ја чинеше загуба на преку 25 илјади работни места, преку 25 илјади млади луѓе кои би добиле свое работно место и би успеале да се осамосталат.

Тие преку лоши кадровски политики, креирање негативна кампања насочена кон странските инвестиции, повлекување на економските промотори и одлуката да се објават договорите за субвенции со компаниите во слободните трговски зони успеа да ги истераат потенцијалните инвеститори од Македонија. Нивното најголемо пред изборно ветување беше токму просечната плата од петстотини евра. За само три месеци тие успееја со своите лоши економски политики да ја намалат просечната плата за 0.7 проценти. Единствен начин за просечната плата реално да се зголемува како што се зголеми во времето на ВМРО-ДПМНЕ од 12 илјади денари во 2006 на 22 илјади во 2016 година е преку нови вработувања. Како што се намалуваше невработеноста од катастрофалните 37 проценти во 2005 во времето на СДС на 22 проценти до крајот на последниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ пропорционално растеше и просечната плата, рече Делев.

Тој вели и дека тоа е основен економски принцип, како што се намалува понудата на некое средство како што е во овој случај работната сила така расте цената која купувачот односно работодавачот треба да ја плати. Оваа влада нема познавање на основните економски принципи и забрзано ја движи македонската економија кон рецесија и еден огромен амбис. Граѓаните секојдневно гледаат како СДС со катастрофалните економски политики ја уништува македонската економија и токму поради ова на 15 октомври ќе ја казнат оваа неспособна влада.

Top