понеделник, 20 ноември 2017 | Вести денес: 0 ново

Владата ги брка странските инвеститори, уште три нови фабрики со клуч на вратите до крајот на годината

Поради игнорантскиот однос и незаинтересираноста на актуелната Влада предводена од Зоран Заев, неколку илјади граѓани ќе останат без работа.

Имено, откако владата врши отворен прогон на странските инвеститори, дел од нив планираат да ја напуштат Македонија и својот капитал да го пренасочат во друга држава која има одговорна влада, за разлика од нашата.

Уште три нови фабрики, странски инвестиции со околу 1000 вработени, од вчера се пред одлука за нивно затворање.Тоа значи и одлука 1000 лица да останат без средства за егзистенција.

Но, конечната бројка на лица кои ќе останат без работа заради начинот на работа на Заев и неговата Влада е многу поголема.

Две странски компании веќе се пред официјално ставање на клуч на вратите. Имаат вработено 2000 лица. Сите од нив ќе останат на улица.

– Имаме огромни забелешки на односот на владата, со која речиси и немаме никаков контакт, на било кое ниво. Нам ни е жал, но доколку продолжат вака работите, ние со сигурност ќе ја напуштиме државата до крајот на годината. За таа цел веќе започнавме разговори со повеќе држави од соседството и регионот, изјавува еден од менаџерите на компаниите кои се пред одлука да се селат.

Менаџер на друга компанија вели:

– Еве на пример мојата компанија не користи државна помош, но и да користи, тоа не е главната пречка и тоа не е главниот фактор поради која компаниите инвестираат. Најавуваат зголемени даноци, тоа ќе биде катастрофално за сите компании, и домашни и странски. Познавам и други раководители на странски компании во државава кои сакаат да си заминат доколку продолжи ваквиот однос. Мојата компанија вработува над 400 луѓе, сите се добри работници, ќе ми биде жал, но ние сме пред одлука за селење.

Покрај тоа што овие неколку компании се пред одлука за затворање на капацитетите, она што е познато дека и голем број на други компании се откажале од разговори со владата за идно инвестирање. Една американска компанија донела дефинитивна одлука да прекине разговори со владата на Заев и својата инвестиција да ја пренасочи кон Србија. Се работи за инвестиција која во Македонија ќе обезбедеше 1.500 вработувања.

СДСМ со објавувањето на договорите отвора војна против 100 странски компании, неизвесни над 20 илјади вработувања

Владата на СДСМ додека брка странски инвеститори, почна да објавува и дел од нивните договори.

Имено, државата ги ослободила од плаќање на даноци и придонесе во извесен законски рок, и всушност нема никаква оштета на Буџетот, односно тоа се пари на кои државата не би можела да смета бидејќи доколку не се овозможи тоа инвестицијата не би се случила. Објавувањето ќе предизвика Србија, Бугарија, Грција, кои исто така се конкуренти за привлекување на инвестиции да понудат подобри услови и да ги привлечат инвестициите.

Повеќе компании се жалат на некоректниот однос на Владата и загрозување на нивното работење. Дополнително, не се во прашање сега инвестициите кои биле во фаза на разговори и убедувања, а кои според проценките се 60-тина со над 25 илјади вработувања, туку се доведува во прашање егзистенцијата на над 100 странски компании кои веќе инвестирале во Македонија и кои вработуваат над 20 илјади работници.

Владата на СДСМ ги брка инвеститорите за да цветаат бизнисите на Заев и Анѓушев

Додека неколку илјади македонски граѓани стравуваат дека ќе останат без работно место и егзистенција ако странски компании одлучат да ја напуштат земјава, челниците во македонската Влада тријат раце.

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев во првите 100 дена откако седнаа на столчињата на „Илинденска“, покажаа дека ќе се грижат единствено за бизнисите на своите семејства и пријателите.

Само 10 дена откако е назначен новиот генерален директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски, на својот претпоставен во Владата, вицепремиерот Кочо Анѓушев, му доделил тендер на фирмата „Фероинвест“, која ја основа токму Анѓушев и од која само козметички се повлече од местото управител. Вредноста на доделениот тендер изнесува 165 милиони денари со ДДВ или 2.6 милиони евра, ова значи дека вицепремиерот Анѓушев со криминалниот тендер на ЕЛЕМ ќе има над 30 милиони евра лично богатство, а и Заеви може да се омрсат од државните тендери.
Додека Анѓушев користејќи ја својата функција продолжува да се богати иако веќе е мултимилионер, додека тој како вицепремиер и натаму е во план да си доделува тендери и да му цвета бизнисот, странски компании поради неспособноста на новата Влада, веќе најавуваат дека ќе ја напуштат нашата земја. Ваква одлука би им одговарала на Заев и Анѓушев бидејќи сакаат да ги избркаат инвеститорите за единствениот бизнис кој ќе цвета да бидат семејните бизниси на овие двајца политичари.

Од „Фероинвест“ истакнуваат дека не само овој, туку се во план да добијат и други тендери. Велат дека и во иднина ќе учествуваат на сите јавни огласи каде има деловен интерес и каде може да понуди свои производи.

Ниту премиерот Заев нема намера да престане да доделува милионски тендери на своите најблиски. Она што го правеше на локално ниво, сега го пренесе на централно.

Заев: Анѓушев ќе добива тендери, моето семејство ќе продава ајвар

Заев вели дека нема судир на интереси во тоа што фирмата Фероинвест, во која што вицепремиерот Кочо Анѓушев е еден од сопствениците, учествува на тендер на ЕЛЕМ вреден 2,6 милиони евра.

-Драго ми е што медиумите ја водат оваа постапка и јавноста треба да знае за тоа. Но, дали тоа значи дека семејството Заеви што произведува ајвар, од нив не треба да набавува ниту една државна институција која има исхрана во заеднички мензи!? Фирмите во Македонија мора да работат, но важно е да се разграничи и да нема влијание при одлучувањето или во управување со фирмата, истовремено истото лице кое е во Владата. Како ќе привлечеме квалитетни луѓе од бизнис заедницата да помогнат во работата, ако од нив бараме да ги затворат фирмите и да ги отпуштат вработените“, изјави Заев за време на посетата на затворот „Идризово“.

Корупцијата во Владата цвета!

Вицепремиерот Анѓушев од државата добива криминален тендер во вредност од 2,6 милиони евра. Во обидот да го премолчи кршењето на законот добива поддршка од премиерот Заев.

Заев, пак, продолжува да собира добробити само за членови на своето семејство. Она што го правеше како градоначалник на Струмица, кога доделуваше тендери само на свои роднини и пријатели, од локално го преврла на централно ниво. Очигледно е дека милионските тендери ќе завршуваат во џебовите на неговите соработници и членови на семејството. Корупцијата во Владата цвета, а највисоките функционери продолжуваат да ја мамат јавноста. Предизборните ветувања секој ден “паѓаат во вода“. Така, ветувањето дека пари ќе се враќале во џебовите на граѓаните, се реализира како ново ветување парите да завршуваат во џебовите на најблиските на Зоран Заев.

Делев: Бркањето на странските инвеститори само ќе им користи на тајкуните на СДС и ќе ја намали просечната плата

Пресот на владата за странски инвестиции беше уште еден класичен обид за манипулација на јавноста и нејзино дефокусирање од деструктивните економски политики на неспособната влада предводена од СДС, изјави Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Новата влада во паника од економскиот колапс денес излезе со апсолутно неточни информации во делот на странските инвестиции. Веселата Математиката според Рашковски е применета при пресметките. СДС нема концепт за странски инвестиции и апсолутно никакво познавање на проблематиката ниту регулативата што се занимава со странски инвестиции. На денешниот прес СДС сами се демантираат! Вкупната помош на сите странски компании во Македонија изнесува 25 милиони евра за над 20 компании за 10 години во зоните и исто толку надвор од зоните. 25 Милиони Евра за креирање над 25 илјади работни места плус огромна бројка на индиректни вработувања. СДС и владата не се способни да пресметаат државна помош, па во веселата математика се ставени и платите на генералниот секретаријат, ставени се средствата за градба на индустриски зони, технолошки зони и да биде апсурдот поголем најголема ставка е ДДВ кој според закон е повратен, СДС пресметува ДДВ по формулата на Тевдовски. Ако пресметаме бенефитот според формулата на СДС тогаш само една компанија во Македонија лоцирана во ТИРЗ 1 ќе има 30% опфат од целокупната економијата, потенцираше Делев.

Тој вели дека бркањето на странските инвеститори само ќе им користи на тајкуните на СДС, Бркањето на Странските инвеститори ќе ја намали просечната плата. Оваа погубна политика на СДС мора за престане, доколку оваа лудило продолжи Македонија ја чека економски колапс полош и од криминалната транзиција.
-Сакам јавно да го прашам вицепремиерот за економски прашања колку средства добива на годишно ниво за производство на електрична енергија. Јавноста треба да знае колку средства добиваат компаниите на Кочо Анѓушев. Влада која за партиски вработувања за само 100 дена потроши 340 милиони евра без притоа да привлече ниту една странска инвестиција и ниту еден капитален проект нема право да говори за економските политики на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ. На СДС му пречи фактот што владата предводена од Никола Груевски преку привлекување на странски инвестиции успеа да креира 20 илјади нови вработувања и во услови на криза македонската економија да има раст на БДП. На СДС му пречи фактот што тие ќе останат запаметени како гробари на македонската економија и партија која еднострано во парламент без опозиција го изгласа законот за приватизација. Партија која преку криминалната приватизација остави 200 илјади луѓе на улица и ја врати македонската економија 50 години назад, истакна Делев.

Тој потенцираше дека нивното расипништво уште еднаш се покажа на дело преку нивната неспособност на веќе започнати или завршени преговори со преку шеесетина странски компании да успеат да ги убедат да инвестираат во Македонија. Ова Македонија ја чинеше загуба на преку 25 илјади работни места, преку 25 илјади млади луѓе кои би добиле свое работно место и би успеале да се осамосталат.

-Тие преку лоши кадровски политики, креирање негативна кампања насочена кон странските инвестиции, повлекување на економските промотори и одлуката да се објават договорите за субвенции со компаниите во слободните трговски зони успеа да ги истераат потенцијалните инвеститори од Македонија. Нивното најголемо пред изборно ветување беше токму просечната плата од петстотини евра. За само три месеци тие успееја со своите лоши економски политики да ја намалат просечната плата за 0.7 проценти. Единствен начин за просечната плата реално да се зголемува како што се зголеми во времето на ВМРО-ДПМНЕ од 12 илјади денари во 2006 на 22 илјади во 2016 година е преку нови вработувања. Како што се намалуваше невработеноста од катастрофалните 37 проценти во 2005 во времето на СДС на 22 проценти до крајот на последниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ пропорционално растеше и просечната плата, рече Делев.

Тој вели и дека тоа е основен економски принцип, како што се намалува понудата на некое средство како што е во овој случај работната сила така расте цената која купувачот односно работодавачот треба да ја плати. Оваа влада нема познавање на основните економски принципи и забрзано ја движи македонската економија кон рецесија и еден огромен амбис. Граѓаните секојдневно гледаат како СДС со катастрофалните економски политики ја уништува македонската економија и токму поради ова на 15 октомври ќе ја казнат оваа неспособна влада.

Top