понеделник, 20 ноември 2017 | Вести денес: 0 ново

Заев најави дека ќе брка професори и наставници од работа (Видео)

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев во своето гостување во емисијата Отворено на Телевизија 24 најави дека ќе брка професори и наставници од работа.

Тој изјави дека не требало да му се дава приоритет на квантитетот на образованието, дека ќе чинело тоа што професори и наставници ќе останат без работа, но како што рече самиот, „нека чини“.

– Јас се надевам дека многу брзо ќе се осетат политики кои што ќе дадат  приоритет на квалитетот на образованието, а не на квантитетот во образованието. Тоа ќе чини, можеби некој ќе остане без работа во делот на професорите во рационалзиација на часовите, но нека чини, изјави Заев.
Top