понеделник, 20 ноември 2017 | Вести денес: 0 ново

Странските инвеститори си заминуваат од Македонија, цветаат бизнисите на Заеви и Анѓушев

Повеќе од 20.000 вработени стравуваат за своите работни места, а со сигурност 1500 останаа без работа со пренасочување на капиталот во Србија на фирма заинтерсирана да инвестира во Македонија, но тоа не ја тревожи македонската влада, која од заминувањето на странските инвестироти ќе оствари голем личен профит.

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев во првите 100 дена покажаа дека животот дошол, но само во нивните лични бизниси – од животот на СДСМ ќе живнат бизнисот со струјата на Анѓушев и бизнисот со ајварот на Заеви.

Веднаш по назначувањето новиот генерален директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски, на својот претпоставен во Владата, вицепремиерот Кочо Анѓушев, му доделил тендер на фирмата „Фероинвест“, која ја основа токму Анѓушев и од која само козметички се повлече од местото управител. Вредноста на доделениот тендер изнесува 165 милиони денари со ДДВ или 2.6 милиони евра, ова значи дека вицепремиерот Анѓушев со криминалниот тендер на ЕЛЕМ ќе има над 30 милиони евра лично богатство, а и Заеви може да се омрсат од државните тендери.

Од „Фероинвест“ истакнуваат дека не само овој, туку се во план да добијат и други тендери. Велат дека и во иднина ќе учествуваат на сите јавни огласи каде има деловен интерес и каде може да понуди  свои производи.

Ниту фирмите на кланот Заеви немаат намера да се повлечат од учеството на тендери. Она што го правеше на локално ниво, сега Заев ќе го прави на централно – ќе си доделаува тендери.

Заев: Анѓушев ќе добива тендери, моите фирми ќе продава ајвар

Со криминалниот тендер на ЕЛЕМ вицепремиерот Анѓушев ќе тежи 30 милиони евра, а ќе се омрси и кланот Заеви

Заев вели дека нема судир на интереси во тоа што фирмата Фероинвест, во која што вицепремиерот Кочо Анѓушев е еден од сопствениците, учествува на тендер на ЕЛЕМ вреден 2,6 милиони евра.

Драго ми е што медиумите ја водат оваа постапка и јавноста треба да знае за тоа. Но, дали тоа значи дека семејството Заеви што произведува ајвар, од нив не треба да набавува ниту една државна институција која има исхрана во заеднички мензи!? Фирмите во Македонија мора да работат, но важно е да се разграничи и да нема влијание при одлучувањето или во управување со фирмата, истовремено истото лице кое е во Владата. Како ќе привлечеме квалитетни луѓе од бизнис заедницата да помогнат во работата, ако од нив бараме да ги затворат фирмите и да ги отпуштат вработените, изјави Заев за време на посетата на затворот „Идризово“.

 

СДСМ ги брка инвеститорите, многу граѓани ќе останат без работа

СДСМ им отвора војна на 100 странски компании, доведени во прашање 20.000 вработувања

Македонија изминативе години стана позната како земја со најповолна инвестициска клима. Огромен број на странски компании од секаде во светот одлучија тука да го вложат својот капитал и да го продолжат својот бизнис. Придобивка од тоа најмногу имаа граѓаните бидејќи овие компании вработија илјадници лица. Но, бенефит добија и домашните фирми кои соработуваа со странските.

Светските бизнисмени со години даваа само пофални зборови за земјава како локација каде сакаат да инвестираат, ги селеа своите бизниси во Македонија, ја препорачуваа на соработниците, обучуваа кадар кој го вработуваа, обезбедија егзистенција за огромен број на семејства, го ширеа бизнисот, набавуваа од домашните фирми, извозот растеше, помагаа во нагорна линија на економски раст. Но, потоа на власт во Македонија дојде Зоран Заев и работите веќе тргнаа во погрешна насока

Со доаѓањето на СДСМ на власт, се отвори ризикот дел од странските компании да ја напуштат државата.Освен што не се привлекуваат нови инвеститори, со ваков начин на работа ќе се избркаат и оние кои веќе вложија или планираа да инвестираат во Македонија. Доколку владата на Заев продолжи со ваквата политика и инвеститорите ја напуштат Македонија, многу лица ќе останат без работа.

Сепак, најголема грижа за Заев останува како да продолжат да растат неговите семејни бизниси, а не му е грижа колку семејства можат да останат без егзистенција!

Top