сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 32 ново

Анимиран филмски маратон на отворено во центарот на Скопје

Меѓународниот филмски фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје фест“ и филмското училиште „Тинтири минтири“ вечер  организираат Анимиран филмски маратон на отворено кој ќе опфати проекции на анимирани филмови за деца и за возрасни.

Маратонот ќе се одржи на Плоштадот на ВМРО во центарот на Скопје. Програмата за деца ќе почне во 18.30 часот, а за возрасни во 21 и ќе трае до полноќ.

Организацијата на филмскиот маратон е поддржана од Град Скопје

Top