понеделник, 20 ноември 2017 | Вести денес: 0 ново

Леб за сите има на „Партизанска“

Огромна векна леб е поставена на скверот близу булеварот Партизански одреди на автобуската постојка кај Порта Буњаковец

Станува збор за герила-акција на млади луѓе, како нивен придонес во борбата против сиромаштијата.

На транспарентот под векната леб пишува: „Стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесува 21,5% или над 450 илјади луѓе. 70.000 луѓе во Македонија може да си дозволат само три достојни оброка неделно. Над 100 илјади луѓе преживуваат со помалку од 100 денари дневно”.

Top