сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 32 ново

Словенечкиот Супермен се вика Лука, вози фиќо, го носи бројот 77 и ја води Словенија кон медал

Првиот чекор да го “украдат“ Шпанците го направиле кога Гарбахоса изјави: „Ако сака да игра за Шпанија, вратата му е отворена“. А Лука на тоа одговори:„Фала, но јас сакам да играм за својата Словенија“.

-Им благодарам на пријатели кои за 18 роденден ми подарија црвено фиќо. Еднаш со него дојдов на тренинг во Мадрид. Некои соиграчи сакаа да седнат внатре да видат како е, но после не можеа да излезат, се смее Лука Дончич, новата ѕвезда на европската кошарка, која има само 18 години.

Со 27 поени и осум скокови против Латвија ги одведете Словенците во полуфиналето на Евробаскетот без ниту еден пораз. А таму имаат големи шанси против големата Шпанија, затоа што Словенија е уверливо најбрзата репрезентација на овој Евробаскет, а и кога се поените во прашање се на ниво, на Латвија и дадоа 103 коша, на Франција 95, на Полска 90…

Секако Шпанците се на хартија посилни, посебно затоа што под кошовите главни се браќата Гасол, но со два надворешни играчи во ваква форма, како што се Словенците Драгич и Дончич, тешко кој на овој турнир може. За супер брзата Латвија беа пребрзи, тогаш јасно е во каков ритам играат Словенците.

Околу Лука инаку се крена голема прашина кога со 16 години заигра за првиот тим на Реал Мадрид. Имаше отворена понуда од Шпанскиот сојуз да заигра за нив, Србите се надеваа дека поради неговиот татко, поранешниот кошаркар Саша Дончиќ ќе го одбере нивниот дрес, а тој има црногорска крв па се надеваа и тие…

Словенците стравуваа дека ќе го загубат затоа што тој со 12-13 години се пресели во Шпанија, во интернатот на Реал. Се плашеа дека тој ќе сака да заигра со браќата Гасол во најмоќната европска репрезентација. Првиот чекор да го “украдат“ Шпанците го направија кога претседателот на нивната федерација, легендарниот Хозе Гарбахоса изјави: „Ако сака да игра за Шпанија, вратата му е отворена“.

А потоа Лука на Твитер објави:

-Фала на Шпанија и мојот Реал на се што ми пружија, но јас сакам да играм и ќе играм само за својата татковина Словенија!

🍀❤️

A post shared by Luka Doncic (@lukadoncic) on

Во истиот момент Словенија полуде за синот на Саша Дончиќ, кој имаше солидна клупска кариера по помалите словенски клубови, кога Лука беше мал(Крка, Слован, Пивоварна Лашко…)

Знаевме дека имаме вундеркинд, но тек на овој Евробаскет стана јасно дека тоа дете од само 18 години е можеби и најдобриот европски кошаркар во овој момент. Покрај два Гасола,Шредер, Драгиќ, Богдан Богдановиќ, Бојан Богдановиќ, Дарио Шариќ… Според некои кошаркарски експерти на 18 години на ова ниво не биле ниту Дражен Петровиќ, ниту Сабонис, ниту Галис… кои важат за најдобрите европски кошаркари во историјата.

Semifinal👉🔜🏀

A post shared by Luka Doncic (@lukadoncic) on

Сјаен тројкаш, играш кој ги игра сите три надворешни позиции, има и десен и лев влез и одлично знае со топката, многу добар скокач и пристоен одбранбен играч, но како што велат сите пред се водач. На словенија од почеток темпото и го диктира Драгиќ, но кога ќе дојде момент падни-стани, кога одлучува една топка, тогаш нивните напади на маестрален начин ги води и завршува 201 сантимер високиот вундеркинд.

Се разбира во полуфиналето ги одведе можеби и среќата, затоа што кога ќе дадеш тројка од табла од десет метри во моментите додека се крши натпреварот, сигурно дека тоа ги скрши Латвијците.

Во Реал го носи дресот седум, во репрезентацијата бројот 77.

Let’s do it!!!! 💪🏻🏀 #HalaMadrid #F4 @euroleague

A post shared by Luka Doncic (@lukadoncic) on

-Препелиќ ја зема седмицата. Јас го почитувам, постар е од мене. Јас од тогаш се одлучив за 77, вели Лука.

Top