петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 0 ново

СДСМ го обвини за криминал, па си го зема Жерновски во централната власт

Андреј Жерновски ја повлече кандидатурата за градоначалник на општина Центар, а за возврат ќе стане дел од извршната власт. Ова го соопшти Заев во емисијата 24 Отворено.Жерновски во повеќе наврати најавуваше дека доколку не биде кандидиран од СДСМ, на изборите ќе настапи сам со своја советничка листа, но тоа не се случи.

Четири години граѓаните на Општина Центар на своја кожа го чувствуваат неработењето на Андреј Жерновски. Расипничкото и неодговорното однесување со парите на граѓаните веќе излезе на виделина. Жерновски по теркот на СДСМ потроши над еден милион евра за улица од речиси 370 метри. За корупција Жерновски беше обвинет и од Претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, кој го разобличи работењето на градоначалникот тврдејки дека корупцијата на Жерновски оди преку неговиот шофер, односно дека за маркица или изградба на граѓаните им се јавува шоферот.

Шиповиќ: Корупцијата на Жерновски оди преку неговиот шофер

Криминалното работење на актуелниот градоначалник на Центар СДСМ го награди со тоа што го унапреди во Министер без ресор.

На местото на Жерновски, Саша Богдановиќ е кандидат за градоначалник од СДСМ за општина Центар. Богдановиќ, кој е актуелен директор на ПОЦ(паркинзи-Центар) и претседател на градската организација на СДСМ, во моментот е и шеф на изборниот штаб за општина Центар. По неговото кандидирање, оваа функција ќе мора да ја преземе друг.

Top