недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 17 ново

Робот диригира на концерт на Андреа Бочели (Видео)

Роботот Ју Ми диригираше со филхармониски оркестар вчеравечер на концертот на италијанскиот тенор Андреа Бочели во Театро Верди во Пиза, покажувајќи исклучителна деликатност во движењата.

Ова беше прво појавување на роботот со две раце што го дизајнираше швајцарската компанија ABB, по повод одржувањето на првиот Меѓународен фестивал за роботика во Пиза.

Роботот диригираше 18 музички дела, вклучувајќи ја познатата арија „La Dona e mobile“ од операта “Риголето“ на Верди.

„Ју Ми има високо ниво на флуидност на движењата, како и неверојатно нијансирани изрази“, рече Андреа Коломбани, редовен диригент на оркестарот „Лука“ што синоќа настапи во Пиза.

Роботот не може да импровизира и каква било неочекувана промена на темпото на музичарите би била погубна.

Top