петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 71 ново

Снимена огнена кугла на небото над Русија (Видео)

На снимките и фотографиите кои се појавиле на интернет, се гледа како на небото над рускиот Санкт Петербург лета огнена кугла, за која експертите велат дека е сјаен метеор.

Веројатно станува збор за тоа дека болидот целосно изгорел во атмосферата, сметаат експертите од Опсерваторијата Пулково, пишува RBTH. Тој феномен настанал вечерта во понеделникот кон вторникот.

-Одев на работа, не верував, помислив дека тоа е некоја чудна ракета која лета долго, на крајот беше зелена, исчезна на околу 40 метри над земјата. Ја видов од многу блиску, на околу 400 метри, рекол еден очевидец.

-Најверојатно тоа е ситно астероидно тело или голема честичка од Персеидовата струја, од која неодамна излеговме, рекле тие.

Додаваат дека такви работи повремено се гледаат низ целиот свет, но не често да бидат снимени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top