понеделник, 20 ноември 2017 | Вести денес: 1 ново

СДСМ ќе ги излаже и Албанците и Македонците со Законот за јазиците

СДСМ се обидува на сила да го протурка Законот за јазиците за да ја спаси коалицијата која виси во воздух. За да го задржи Зијадин Села, но и за да предизвика бура од емоции кај Албанците Заев ќе стори се за да биде изгласан противуставниот Закон за јазиците.

Стручната јавност го оцени Законот за јазици како противуставен укажа дека го урива Охридскиот рамковен договор, поради што неспорно е дека тој ќе биде соборен пред Уставниот суд. Но, тоа не го плаши СДСМ. Она што е битно за оваа партија е да не се распадне коалицијата пред локалните избори и да ги добие гласовите на Албанците.

Заев е свесен дека на овој начин ќе ги изигра и Македонците и Албанците, но единствен начин да се задржи на власт е да ги злоупотреби емоциите на Албанците.

Top