петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 71 ново

Курц: Без доволно добро познавање на германскиот јазик, децата нема да можат да се запишат во училиште

Австриската конзервативна Народна партија инсистира децата кои не зборуваат „доволно добро” германски, да земаат задолжителни часови по јазик како услов да бидат запишани во училиште, изјави нејзиниот лидер Себастијан Курц.

Десетици илјади мигранти од Блискиот Исток, Авганистан и Африка пристигнаа во Австрија во последните две години. Нивната интеграција стана важна политичка тема, а Курц, чија партија е партнер во владината коалиција со социјалдемократите, ја зголеми популарноста поради цврстата позиција кон мигрантите.

Иако нивниот предлог се однесува на сите деца, во јавните дебати вниманието се насочува главно кон децата на мигрантите.

– Децата можат да ја следат учебната програма единствена ако германскиот јазик им е доволно добар, изјави Курц на прес-конференција во Салцбург, каде во пресрет на изборите закажани за 15 октомври, ја претстави образовната програма на неговата партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top