недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 41 ново

ВМРО-ДМПНЕ ја окупираше говорницата на Џафери за Законот за јазиците

Координаторот на една од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски побара пауза, но претседателот на собранието Талат Џафери го одби неговото барање, по што десетина опозициски пратеници излегоа и ја блокираа говорницата за време на расправата за предлог-законот за употреба на јазиците.

– Го кршите Деловникот, го кршите Уставот и го кршите Охридскиот рамковен договор, го обвини Димовски Џафери.

– Под овие услови не ви давам пауза, седнете си на местата, му одговори Џафери.

Откако успеа да ги убеди пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се вратат на своите места, Џафери кажа дека под закана на сила и под уцена, Собранието нема да носи одлуки.
– Иако е дискутабилно, бидејќи не побаравте пауза за време на трите минути процедурално, давам еден час пауза, му кажа Џафери на Димовски.

Top