понеделник, 20 ноември 2017 | Вести денес: 1 ново

Анкета „Павел Шатев“: ВМРО-ДПМНЕ со огромна предност пред СДСМ во пресрет на локалните избори

Во рамките на проектот „Избори 2017“ во кој ќе бидат спроведени и објавени серија истражувања на јавното мислење на национално и на локално ниво, Институтот „Павел Шатев“ ја спроведе втората национална анкета на јавно мислење.
Целта на телефонската анкета спроведена од 9 до 12 септември 2017 година, во која учествувале 1230 испитаници, е да ги утврди перцепциите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања.

На прашањето За кого би гласале доколку има избори следната недела, 26.9% од испитаниците се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, а својот глас на СДСМ би му го довериле 18.9% од испитаниците.

 

Висок процент од испитаниците, 55.1%, не се задоволни од работата на Владата на СДСМ на чело со Заев.

Испитаниците во истражувањето спроведено во шесте изборни единици не веруваат дека во иднина Владата ќе работи подобро отколку во првите 100 дена. На прашањето Дали сметате дека во иднина Владата ќе работи подобро или полошо отколку во првите 100 дена, со „полошо“ одговориле 59.3%.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски останува лидер на партија со најголема доверба кај народот. 27.3 проценти се изјасниле дека најмногу доверба имаат во него, додека на Заев му веруваат 15.5 отсто од испитаните граѓани.

Top