петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 0 ново

Нови цени на билетите во Драмски театар

Драмскиoт театар Скопје, со започнување на новата театарска сезона направи и промена на цената на влезниците, информираат од Театарот.

– Цената на билетот за претставите кои се на редовниот репертоар отсега ќе изнесува 200 денари за сите љубители на театарот, освен за оние кои се се уште ученици и студенти за кои цената на билетот ќе изнесува 150 денари. Премиерните изведби на претставите ќе чинат 300 денари, додека ценатата на билетот за детските претстави останува непроменета, односно 150 денари – се вели во соопштението на Драмски театар.

 

Top