петок, 20 октомври 2017 | Вести денес: 76 ново

Анкета од МЦМС на Клековски: ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ

На крајот на јули оваа година Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) на политичкиот аналитичар Сашо Клековки, кој редовно ги изработува анкетите за потребите на Телма Телевизија, спроведе теренска анкета на 1.000 испитаници, со која беше мерено расположението на граѓаните во однос на рејтингот на политичките партии.

Според анкетата, ВМРО-ДПМНЕ e со стабилна предност пред СДСМ. Имено, на прашањето Доколку утре се одржат избори за која партија би гласале, 27.1 отсто од испитаниците се одлучиле за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ 22.7 отсто. ДУИ има најголем рејтинг кај албанскиот блок од 7,7%, а потоа следат БЕСА и Алијанса за Албанците со идентичен рејтинг од 1,3%.

Со „не знам“ одговориле 16.6%, „ниту една“ 7.1%, а  „не сакам да кажам“ 13.3%.

Top