среда, 20 септември 2017 | Вести денес: 107 ново

МИ 6 планирал убиство на Милошевиќ, планот применет на принцезата Дајана

Поранешниот припадник на МИ 6 Ричард Томлинсон тврди дека Слободан Милошевиќ бил мета на оваа британска служба која за тоа разрработила посебен план.

Како што наведува „Вечерње новости“ тој план подоцна е примент на отстранување на британската принцеза Дајана.

„Новости“ пишуваат дека овие сознанија Томлинсон ги изнел уште пред десет години пред Високиот суд за правдата во Лондон, а неговите тврдења добија на актелност по неодамнешната изјава на пензионираниот шпион Џон Хопкинс (80) кој тврди дека лично учестувал во акцијата за „отстранување“ на принцезата од Велс.

Според тврдењата на Томлинсон, за кои тој говори во документарниот филм за мрачното делување на британската служба МИ 6 „Валкана игра“ некогашниот претседател на СРЈ требало да биде убиен во 1993 година, на начин кој ќе изгледа како сообраќајна несреќа. Како место за тој план бил избран тунел во Швајцарија, во близина на Женева, каде што Милошевиќ требал да учестува во меѓунаордната конференција за поранешна Југославија.

Планот бил да се предизвика несреќа кога лимузината на Милошевиќ ќе вози преку планината, со палење на јаки светла или со ласер, да се заслепи возачот на Милошевиќ. Наводно било проценето дека такво сценарио има најмногу шанси за смртен исход.

Очевидците на несреќата во тунелот во кој настрада принцезата Дајана тврдат дека пред несреќата виделе јаки, заслепувачки светла.

 

Top