сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 0 ново

Со криминалниот тендер на ЕЛЕМ вицепремиерот Анѓушев ќе тежи 30 милиони евра, а ќе се омрси и кланот Заеви

Само 10 дена откако е назначен новиот генерален директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски, на својот претпоставен во Владата, вицепремиерот Кочо Анѓушев, му доделил тендер на фирмата „Фероинвест“, која ја основа токму Анѓушев и од која само козметички се повлече од местото управител. Вредноста на доделениот тендер изнесува 165 милиони денари со ДДВ или 2.6 милиони евра, ова значи дека вицепремиерот Анѓушев со криминалниот тендер на ЕЛЕМ ќе има над 30 милиони евра лично богатство, а и Заеви може да се омрсат од државните тендери

Најбогатиот функционер во Македонија, вицепремиерот Кочо Анѓушев, според анкетниот лист тежи меѓу 27 и 28 милиони евра. Според анкетниот лист кој Анѓушев им го подели на новинарите, тој поседува возен парк од околу 300.000 евра, една куќа и пет стана во Скопје, има куќа од 214 м2 на Халкидики, како и стан во Белград. Од недвижнини Анѓушев пријавил и два деловни простора во Скопје со вкупна површина од 200 м2.

Владата на Заев тежи над 38 милиони евра

Возниот парк на Анѓушев се состои од „масерати“, „порше каен“, „мини кантримен“. Во анкетниот лист тој пријавил и луксузни примероци на четири рачни часовници од марките ролекс, омега, кои ги проценил на 2,5 милиони денари, односно 46 илјади евра. Анѓушев поседува и 20 уметнички слики и скулптури од македонски автори кои ги проценил на околу 109.000 евра, потоа има златен накит во вредност од 6 милиони денари и моторен чамец марка „регал“ вреден 30.000 евра. Пријавил и деловни простории во Скопје, а најголема вредност има уделот во групата Фероинвест, каде тој е содружник со 80 посто од акциите, или 21 милиони евра.

Со реализирање на криминалниот тендер на ЕЛЕМ, личното богатство на вицепремиерот Анѓушев ќе порасне на 30 милиони евра, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ и побара кривична одговорност за тоа како се влијаело и под кои услови тендерот припаднал во рацете на фирмата на вицепремиерот Анѓушев.

Криминалниот тендер на ЕЛЕМ ќе овозможи вицепремиерот Кочо Анѓушев да го зголеми своето богатство на над 30 милиони евра

Неиздржано и потценувачко е правдањето на милионерот Анѓушев дека тој не бил управител туку само сопственик на фирмата „Фероинвест“. Тоа значи дека парите повторно завршуваат во неговиот џеб.

-Внимавајте, криминалниот тендер на ЕЛЕМ ќе овозможи вицепремиерот Кочо Анѓушев да го зголеми своето богатство на над 30 милиони евра. И тоа на грбот на граѓаните на Република Македонија. Очигледно дека криминалната влада на Социјал-демократскиот сојуз ја интересираат само тендерите и енормното богатење на клановите на власт. Анѓушев единствено се грижи за профитот на своите фирми, бидејќи за работа во интерес на граѓаните видовме дека не го бива, истакна Светлана Колариќ.

Она што го прави уште поопасен овој принцип на самододелување тендери е тоа што не е исклучена можноста Заев и неговите фирми, кои се влезени во бизнисот со ајвар, во содество со општина Струмица да добијат владини тендери.

Заев: Анѓушев ќе добива тендери, моето семејство ќе продава ајвар

Заев вели дека нема судир на интереси во тоа што фирмата Фероинвест, во која што вицепремиерот Кочо Анѓушев е еден од сопствениците, учествува на тендер на ЕЛЕМ вреден 2,6 милиони евра.

Драго ми е што медиумите ја водат оваа постапка и јавноста треба да знае за тоа. Но, дали тоа значи дека семејството Заеви што произведува ајвар, од нив не треба да набавува ниту една државна институција која има исхрана во заеднички мензи!? Фирмите во Македонија мора да работат, но важно е да се разграничи и да нема влијание при одлучувањето или во управување со фирмата, истовремено истото лице кое е во Владата. Како ќе привлечеме квалитетни луѓе од бизнис заедницата да помогнат во работата, ако од нив бараме да ги затворат фирмите и да ги отпуштат вработените“, изјави Заев за време на посетата на затворот „Идризово“.

Од „Фероинвест“ истакнуваат дека не само овој, туку се во план да добијат и други тендери. Велат дека и во иднина ќе учествуваат на сите јавни огласи каде има деловен интерес и каде може да понуди  свои производи.

Додека двајцата бизнисмени и политичари со неосновани оправдувања сакаат да ја замајуваат јавноста, законот за спречување на корупцијата е дециден.

Дефиниција на корупцијата

Член 1-а

(2) Под корупција, во смисла на овој закон, се подразбира искористување на функцијата, јавното овластување, службената должност и положба за остварување на каква и да било корист за себе или за друг.”

Значење на изразите употребени во овој закон

Член 7

(1) За определување на значењето на изразите избран или именуван функционер, како и друго службено лице, правно лице, одговорно лице во правно лице и лице кое врши работи од јавен интерес, се применуваат одредбите за значење на изразите од Кривичниот законик.

(2) Под поимот корист се подразбира остварување на секој вид корист, погодност или предност за себе или за друг.”

Ограничувања во соработката со правни лица

Член 22

Избран или именуван функционер, како и друго службено лице или одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице што располага со државен капитал не може, во вршењето на својата функција, односно служба, да воспостави деловни односи со правно лице што го основал тој или член на неговото семејство, или во кое одговорното лице е член на неговото семејство, а доколку деловните односи се воспоставени од порано, е должно да се изземе од какво и да било одлучување и за тоа да ја извести Државната комисија.”

Вицепремиерот Анѓушев од државата добива криминален тендер во вредност од 2,6 милиони евра. Во обидот да го премолчи кршењето на законот добива поддршка од премиерот Заев.

Заев, пак, продолжува да собира добробити само за членови на своето семејство. Она што го правеше како градоначалник на Струмица, кога доделуваше тендери само на свои роднини и пријатели, од локално го преврла на централно ниво. Очигледно е дека милионските тендери ќе завршуваат во џебовите на неговите соработници и членови на семејството. Корупцијата во Владата цвета, а највисоките функционери продолжуваат да ја мамат јавноста. Предизборните ветувања секој ден “паѓаат во вода“. Така, ветувањето дека пари ќе се враќале во џебовите на граѓаните, се реализира како ново ветување парите да завршуваат во џебовите на најблиските на Зоран Заев.

Top