петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 0 ново

Поставен камен-темелник на нов станбено-деловен комплекс во општина Илинден

Во општина Илинден, почна да се гради нов станбено-деловен комплекс, во рамките на кој ќе бидат изградени три станбени згради и трговски центар. На поставувањето и осветувањето на камен темелникот присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски.

Според најавите на инвеститорот, фирмата „Унија клуб“, вкупната инвестиција за станбено-деловниот комплекс во населба Илинден изнесува 7,5 милиони евра. Во рамките на комплексот ќе бидат изградени 3 станбени згради со приземје, 5 ката и поткровје, со 170 станови со површина од 45 до 155 метри квадратни, како и трговски центар на три нивоа, со површина од 1900 метри квадратни.

По­­сле­д­ни­ве години општина Или­н­­ден, покрај тоа што стана ус­пеш­­на инвеститорска де­стинација е и посакува­но и убаво место за живеење.

Како резултат на квалитетното про­с­­торно планирање и инвестиции­те во ин­фра­стру­кту­рата, об­ра­зова­ни­­е­то, дет­ската за­ш­­ти­та, услужните деј­­но­с­­ти (ба­н­ки, по­шти, супермарке­ти), континуирано се зголемува бројот на жители на општина Илинден.

Со цел да им се излезе во пре­срет на барањата на своите гра­ѓа­­ни, но и на потенцијалните до­маш­ни и странски ин­вес­ти­тори, а согласно Стра­те­ги­ја­та за Ло­ка­лен економски развој, општина Илинден е на­сочена кон ур­ба­ни­зирање на про­с­торот и создавање на услови за ин­ди­видуално и колек­ти­в­но до­му­­вање.

Top