среда, 20 септември 2017 | Вести денес: 32 ново

Промоција на книга од Митко Апостолов во Градска библиотека “Браќа Миладиновци“

 

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје организира промоција на дебитантската книга „Тело одречено од пливање“ од Митко Апостолов. Книгата е добитник на наградата „Антологија на болката“ на Рациновите средби 2017 година. Промотор на книгата ќе биде Сашо Димоски а стихови ќе интерпретираат гости на поетот. Промоцијата ќе се одржи на 14 септември 2017 година во спомен – собата на Миладиновци, со почеток во 19:00 часот

Митко Апостолов е роден 1987 година во Тетово. Дипломирал на Машинскиот факултет-Скопје. Негови песни и кратки раскази се објавени во списанијата „АКТ“ и „Чивилук“. Бил учесник на меѓународни книжевни средби и е застапен во антологии на помаладата поезија. Учествувал на повеќе поетски читања. Во2016 годинана настапувана 15. Меѓународна книжевна средба во Велење,Словенија, каде е објавен во антологијата на словенечки јазик „Фестивал на антологија на изворна и преведена европска поезија на 21- от век“.

 

Top