понеделник, 23 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Тројца тешко повредени во сообраќајка кај Неготино

Три лица се тешко повредени, а едно полесно, во сообраќајката која утринава околу два часот се случила во Неготино. Како што информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, сообраќајната несреќа била на регионалниот пат Р 103 Кавадарци-Неготино, на влезот во Неготино, кај станицата за технички преглед „Антигона”.

– Патнички автомобил “опел астра” со велешки регистерски ознаки, управуван од 35 годишното лице Н.А. од село Стојаково, излегол на левата страна од патот и удрил во заштитната ограда и објектот на Агросервис, соопшти Додевски.

Возачот се стекнал со телесни повреди и бил задржан на лекување во Кавадаречката општа болница, а останатите тројца сопатници, исто така млади лица, се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top