четврток, 21 септември 2017 | Вести денес: 91 ново

СДСМ ќе ја спасува коалицијата со противуставниот Закон за јазиците: Заев глув на укажувањата на македонистите, правниците и граѓаните

Законот за јазици, оценет како неуставен од стручната јавност, утре влегува во главна расправа во Собранието. Владата на чело со Заев ќе се обиде да го фрли во сенка така што најави дека денеска ќе ги објави договорите склучени со странските инвеститори.

Професорката Јачева- Улчар ги потврдува пишувањата на Република – лагите и притисоците од социјалдемократите за Законот за двојазичност

 

Гордана Силјановска, Симона Груевска – Маџоска, Александра Ѓуркова, Димитар Апасиев, Билјана Ванковска, Елка Јачева – Улчар, но и Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ гласно укажуваа дека Законот за јазици е противуставен и го урива Охридскиот рамковен договор и побараа јавна расправа и преиспитување на текстот на законот.

Конечно за македонцките работи реагираат македонистите: Бараме повлекување на Предлог-законот за јазиците!

Пратеникот Илија Димовски од Собранието истакна дека овој закон не го почитува мултиетничкиот карактер на македонското општество гарантиран со Охридскиот рамковен договор и со Уставот на Република Македонијаи ги става во втор план граѓаните кои го зборуваат турскиот, босанскиот, српскиот, ромскиот и влашкиот јазик.

– Овој закон не го почитува мултиетничкиот карактер на македонското општество гарантиран со Охридскиот рамковен договор и со Уставот на Република Македонија. Овој закон значи воспоставување билингвалност и биетничност и на општеството и на државата. Би сакал да ве информирам и да фрлам понуда спрема вас. ВМРО-ДПМНЕ нема никаква спротиставеност во рамки на Уставот да пронајде начини за подобра имплементација и подобра употреба на албанскиот јазик кога станува збор за интерес на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ истото апсолутно го цени и го мисли кога станува збор и за турскиот јазик, и за босанскиот јазик, и за српскиот јазик, и за ромскиот јазик, и за влашкиот јазик. ВМРО-ДПМНЕ во амандманска расправа ќе ви понуди амандмани со кои што рамноправноста и еднаквоста ќе важи за сите, не само за Македонците и Албанците. Република Македонија околу 15% од нејзините граѓани и нејзините жители се припадници на помалите етнички заедници. Зошто тие 15% да бидат помалку еднакви од од 25% Албанци. Зошто кога зборувате за еднаквост и рамноправност зборувате само за Македонците и Албанците. Ошто никој не зборува за еднаквоста на Турците во Македонија, или Бошњаците или Србите или Власите или на Ромите.Ние ќе го понудиме во амандмани тој концепт и овие жалопојки и убави зборови кои што ги слушнавме од еден од колегите пратеници од ДУИ ќе ги тестираме на лице место, во амандманска расправа- рече Димовски.

Пред половина година, пак, Зијадин Села се закануваше дека Алијансата за Аланците ќе ја напушти Владата доколку Законот за јазиците не се изгласа во првите сто дена. Обидот на Заев да го протурка штетниот противуставен закон е обид да по скоја цена да ја задржи коалицијата, во која Села се поставува како одлучувачки фактор.

Села: Ако не се официјализира албанскиот јазик во првите 100 дена, ќе го блокираме Парламентот (ВИДЕО)

Резултатите од спроведената анкета на Институтот „Павел Шатев“ на почетокот на минатиот месец, покажаа дека високи 88,1 процент од испитаните граѓани (без Албанци) не го поддржуваат предложениот Закон за јазици.

Анкета на „Павел Шатев“: 88 проценти од граѓаните не го поддржуваат предложениот Закон за јазици, сметаат дека истиот е вовед во федерализација

Граѓаните сметаат дека предложениот закон за употреба на јазици не е во согласност со изјавите и уверувањата кои Заев и СДСМ ги даваа изминатиов период. 70,3 проценти велат дека тогаш СДСМ и Заев зборувале нешто сосема друго. Висок е процентот (67,3) и на граѓани според кои предложениот закон НЕ е во согласност со Уставот на Република Македонија.

 

Top