вторник, 23 јануари 2018 | Вести денес: 87 ново

„Саграда фамилија“ во Барселона под полициска опсада

Шпанската полиција ја опколи вечерва познатата катедрала „Саграда фамилија“ во Барселона, а блиската метро станица е затворена поради антитерористичка операција.

Блокирани се неколку улици околу туристичката атракција, а полицијата ја евакуира катедралата.

Како што соопшти полицијата, забележано е сомнително возило, паркирано комбе во близина на катедралата, а на местото се наоѓаат експертски екипи за деактивирање на експлозиви.

Минатиот месец во напад во Барселона загинаа 16 лица, а 130 се повредени.

Исламистите тврдеа дека цел на тогашниот напад била токму „Саграда фамилија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top