понеделник, 20 ноември 2017 | Вести денес: 0 ново

Вучиќ изрази сочуство до семејствата на македонските рудари

Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази сочувство до семејствата на загинатите рудари на денешното јавно обраќање на државната телевизија. Тој потенцираше дека Србија се соочува со недостаток на работна сила и затоа мора да увезува работници однадвор.

– Најискрено сочуство до семејствата на македонските рудари кои загинаа во Србија. Искрено ми е жал, навистина. А знаете зошто ни се случува ова? Зошто немаме доволно работници и рудари од Србија, рече српскиот претседател во вонредното обраќање по повод важни државни прашања.

Двајца рудари од Македонија Зоран Петковски (48) од Крива Паланка и Тони Нанев (53) од Пробиштип настрадаа  во рудникот Лече во околина на Медвеѓа, на југот од Србија. Беживотните тела на двајцата рудари кои работеле во рудникот се пронајдени сношти околу 23 часот. Нивните колеги за српските медиуми изјавиле дека несреќата се случила за време на минирање  во една од рударските окна.

Рударите не се повлекле навреме што било причина за задушување од гасовите во јамата што биле испуштени при минирањето. Додека други рудари тврдат дека нивните колеги од Македонија се задушиле по минирањето. Истрагата е во тек, а телата се дадени на обдукција.

Top