петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 0 ново

ЕП во кошарка: Шпанија прва до полуфинале

Репрезентацијата на Шпанија е првата што се проби до Фајналфор викендот на Европското кошаркарско првенство. „Фуријата“ во четврт-финалето ја совлада Германија со 84:72 (по четвртини: 16:19, 18:14, 31:20, 19:19) и учество во мечот за титулата го чека подобриот од вечерашниот судир меѓу Словенија и Летонија од 20,30 часот.

Првата пресметка од топ 8 фаза на кошаркарското ЕП донесе неизвесност до средината на третиот период. Двете тројки што ги „испали“ Марк Гасол, се чини, беа пресвртница за конечниот исход. Шпанија, резултатски, се одлепи, заигра посериозно и остана на курсот за одбрана на континенталниот трон за 11 триумф во 13. соочување со Германците.

Денис Шредер повторно беше најдобар во селекцијата на Крис Флеминг. Беше двигател на соиграчите, ги влечеше, додаваше, поентираше, но сам не можеше иако во статистиката запиша 27 коша, осум асистенции и четири скока. Шпански предводник беше Марк Гасол кој заврши со дабл-дабл ефект (28 поени, 10 скока, четири асистенции), неговиот брат Пау Гасол реализира 19 коша.

Top