петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 0 ново

Професорите се обиделе да го реанимираат – детали за смртта на ученикот во Струмица

Полицијата денеска излезе со детали за трагедијата која вчера ја потресе Македонија кога почина ученик во училишен двор.

Во 09 часот и 50 минути во Струмица во Средното училиште „Димитар Влахов“, 17 годишен ученик од селото Босилево-струмичко, се качил на железната конструкција на кошот поставен во училишниот двор, по што се спуштил на асфалтната подлога со двете нозе, а потоа паднал на грб и на глава по што изгубил свест.

Професорот по фискултура му укажал прва помош, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата Болница-Струмица, каде за жал во 10 часот и  10 минути од страна на лекар била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Струмица, а по наредба на Јавен обвинител телото била предадено на обдукција.

Top