недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 16 ново

На мечот Вардар – Зенит може да се влегува со ваучери

Фудбалскиот клуб Вардар преку соопштение ја информираше македонската јавност дека сите навивачи кои купиле блок-билети за претстојните натпревари на црвено-црните во групната фаза на Лига Европа, на првиот меч против Зенит ќе може да се влезе издадените ваучерите.
Љубителите на фудбалот кои решија да купат блок-влезници за трите домашни натпревари, добија ваучери, кои треба да ги заменат со пластифицирани картички.
Сега, од ФК Вардар информира дека замената за пластифицираните влезници ќе се врши по мечот со Зенит.
„Би сакале да ги информираме дека сите кои поседуваат ваучери кои ги добија при купување на блок билетите за натпреварите од Лигата на Европа, ќе можат со истите да влегуваат на натпреварот со Зенит кој што ќе се игра во четврток (14 септември). Меѓутоа потоа ваучерите ќе мора да ги чуваат и да ги заменат со пластифицирани картички. Дополнително ќе следува информација кога точно ќе се заменуваат ваучерите со електронски картички.
Ваучерите за блок билети за натпреварите од Лигата на Европа се продаваа до недела, а од вчера почна продажбата на поединечните билети за мечот со Зенит во четврток.
Исто така би сакале да информираме дека при купување на билети за малолетни лица, ќе треба да се поседува дополнителна идентификација (ученичка или здравствена книшка), или лична карта од родител/старател“,пишува со соопштението на ФК Вардар објавено на официјалната веб страница на клубот.
Натпреварот од 1.коло во групната фаза на Лига Европа меѓу Вардар и Зенит ќе се игра во четврток на Националната арена „Филип Втори“ во терминот од 21 часот и 5 минути.
Top