недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 41 ново

СДСМ не дозволи граѓаните да си ги приватизираат градежните земјишта

Парламентарното мнозинство го одби Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не можат да разберат како може да не добиваат поддршка од СДСМ натпартиски закони кои се во интерес на граѓаните.

За Илија Димовски најчудно е што пратениците од ДУИ додека биле во парламентарно мнозинство со ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати го гласале овој закон, но денес поради тоа што се во коалиција со СДСМ гласаат против законот. Димовски понуди дури и да се повлече законот кој што е потпишан од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со што наново би го поднеле овој пат потпишан од пратеници на парламентарното мнозинство, се со цел овој закон да биде досенесен.

Имено, со Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост требаше да се овозможи граѓаните кои што досега не успеале да си ги приватизираат своите градежни земјишта кои со генерации ги поседуваат, тоа сега да го направат.

Top